Неодамна, претстојниот Realme телефон со ознака на модел RMX2117 е сертификуван од TENAA агенцијата. Според наводите од Кина, во прашање е модел од претстојната Realme Q серија.

Дојавувачот Digital Chat Station сега истакнува повеќе детали за уредот, а според неговите сознанија Realme Q серијата ќе биде објавена на 13. октомври. Се очекува дека Realme Q серијата ќе биде позиционирана во рамките на средниот сегмент на 5G понудата, а ќе има прилично атрактивна цена.

Засновано на првите детали откриени во TENAA базата, Realme RMX2117 ќе има 6.5-инчен FHD+ LCD дисплеј, како и сензор за отпечатоци од прсти сместен од страна на рамката.

На полето на камери, RMX2117 ќе има 48MP главен сензор, 8MP ултраширок и 2MP макро или сензор за длабочина. Од предната страна се очекува 16MP селфи камера.

Смартфонот ќе го покренува осмојадрен чипсет со такт од 2.4GHz, а ќе го напојува батерија со поддршка за 65W брзо полнење.