Кон крајот на август е објавена видео снимка од човек кој извршил самоубиство.
Видеото се прошири и на другите платформи како што се Instagram, Twitter и Youtube, но и натаму се појавуваше на TikTok со недели подоцна, додека апликацијата се бореше да ја отсрани снинката. Според TikTok за Австралија и генералниот менаџер за Нов Зеланд, Ли Хантер, преносот во живо бил отсранет, но копиите се појавувале побрзо отколку што можеле да бидат откриени.
„Кога нашата технологија би го открила тоа видео, веднаш би го отсраните. За жал, во текот на неделата видовме некои 10.000 варијации на таа снимка како пробуваат да се вчитаат на платформата TikTok“, објасни Хантер.
Штом TikTok дозна за видеото и наиде на него, почна да „делува брзо и агресивно“ за да го отстрани. „Не беа тоа само случаи на копирање на видеото, туку спојување на содржина во рамките на друга содржина, така што видеото на почеток изгледа безопасно, а потоа наидувате на вознемирувачка содржина“.
TikTok неодамна им предложи на шефовите на некои големи компании, вклучувајќи ги Google, Facebook, Twitter, Pinterest и Reddit меморандум за разбирање што ќе им овозможи на групите социјални медиуми да делат информации за подобро да се заштитат од тоа таквите содржини да бидат достапни на нивните страници.
„Можеме да бидеме подобро подготвени за да спречиме тоа да се случи на различните платформи“, истакна Хантер. „Сите имаме исти цели да ги заштитиме своите корисници и да осигураме таква содржина да не е нашите платформи“, појасни Хантер.