Информациите што протекоа од Samsung велат дека нивниот модел Galaxy A72 ќе биде првиот телефон на компанијата со пет задни камери. Се очекува моделот да се појави на пазарот во текот на првата половина на следната година. Интересно е дека Samsung се одлучи пет камери на задната страна прв пат да претстави на A серијата, што му припаѓа на средниот ценовен ранг, а не на S серијата премиум смартфони.

Главната камера би требало да има резолуција од 64 мегапиксели, а покрај неа на располагање ќе бидат 12MP ултрашироката камера, 8MP телефото камера со 3x оптички зум, 5x макро камера и 5mp сензор за длабочина. Покрај споменатите камери што ќе се наоѓаат на задниот дел на уредот, на предната страна ќе биде сместена селфи камера со резолуција од 32MP. A72 ќе биде и еден од моделите од A серијата, што ќе имаат оптичка стабилизација на сликата, за која се знае дека Samsung планира да ја имплементира во high-end моделите во оваа серија.

Освен Galaxy A72 моделот, во исто време би требало да биде претставен и моделот Galaxy A52 што ќе има четири задни камери.

Samsung очекува дека комбинираната продажба на A72 и A52 телефоните ќе достигне 30 милиони примероци, што би било околу 10 проценти од продажбата на нивните телефони.