Wikipedia е интегрален дел од интернет културата веќе речиси дваесет години и на корисниците им овозможува да пребаруваат различни теми од своите компјутери, таблети или смартфони. Сега добива освежување во облик на редизајн, а со цел да им стане подостапна на новите и помлади корисници.
Како најкористен новитет се истакнува тоа што корисниците сега ќе можат полесно да преоѓаат на секциите што ги интересираат во рамките на некој текст, а без бесконечно скролање. Од левата страна на секоја страница ќе се појавува паѓачко мени, што како се тврди, ќе им овозожува на читателите побрзо да дојдат до деловите на текстот што ги интересира. Покрај тоа, Wikipedia добива и копче за промена на јазикот во рамките на страницата која се чита и позицијата за пребарување, што би требало да го поедностави пребарувањето во рамките на сајтот. Тука е и новото лого, кое од сега ќе зазема помалку место на страницата.
Wikimedia Foundation најави дека промените ќе се случуваат во текот на подолг временски период и дека корисниците ќе можат да ги тестираат новите опции пред официјално да се појават. Примената на новите опции за десктоп би требало да се приведе кон крај до декември 2021. година, а се уште нема информации за тоа дали слични промени ја очекуваат и мобилната платформа.