Јужнокорејската компанија претстави три нови паметни телефони – станува збор за K62, K52 и K42.

Овие смартфони се модели со достапна цена и претставуваат конкуренција на OnePlus Nord. Се работи за моделите K62, K52 и K42, што пристигнуваат со 6,6-инчен HD+ екран со формат 20:9. Уредите се одликуваат со главна камера од 48 мегапиксели, како и ултраширока и макро камера.

Покрај тоа, имаат и сензор за длабочина од 2 мегапиксели, а К52 се разликува само по главната камера од 13 мегапиксели. Сите три модели имаат батерија со капацитет од 4.000 mAh, а работат на оперативниот систем Android 10.

Кога станува збор за моделот К62, а на предната страна се наоѓа камера од 28 мегапиксели. К52 има селфи камера од 13, а К42 од 8 мегапиксели.

K62 и K52 ги придвижува 2,3GHz процесор со 4 GB RAM. Моделот K62 има 128, а другите два модела имаат 64 GB интерна меморија. Кај сите три модели интерната меморија може да се прошири со помош на MicroSD мемориска картичка.

Сензорот за отпечатоци на прсти е поставен бочно, а ниту еден од моделите не ја поддржува 5G мрежата. Новите смартфони ќе пристигнат на европскиот пазар во октомври.