Новиот носечки уред кој се лепи за грлото би можел да ги детектира симптомите на коронавирус пред станат забалежителни. Уредот со големина на поштенска марка е изработен од мек силиконски материјал кој за прицврстува на вратот за долниот дел на грлото. Го следи кашлањето, дишењето, отчукувањето на срцето и телесната температура. Сите овие податоци се испраќаат во облак, каде што алгоритмите ги идентификуваат знаците на болеста.

Потоа системот испраќа резиме на симптомите до докторот, кој може да ги користи овие податоци за насочување на интервенциите и следење на ефектот на лечење. На крајот на секој ден корисникот ја вади налепницата и ја става на безжичниот полнач. Бидејќи уредот нема жица, електроди, приклучоци за полнење или батерии кои се менуваат, може да се носи под туш и лесно да се дезинфицира и чисти.

Фластерот е развиен на Northwestern Универзитетот, додека прилагодените алгоритми ги креирале научници од истражувачката болница во Чикаго Shirley Ryan AbilityLab. Сензорите на фластерот не ги откриваат вибрациите настанати со движења на ѕидовите на градниот кош. Тоа значи дека можат да се избегнат пречките поради позадинската врева, што може да биде проблем за акустичните мерења.

„Нашиот уред се наоѓа на совршено место на телото за мерење на брзината на дишење, звукот и звукот и активноста, бидејќи тука се одвива проток на воздух во близина на површината на кожата“, истакна Џон А. Роџерс од универзитетот Northwestern.