Facebook и Twitter синоќа соопштија дека избришале неколку стотици лажни налози поврзани со руското воено разузнавање и други играчи спонзорирани од Кремљ, кои биле вклучени во претходни обиди за мешање во американската политика, како претседателските избори во 2016 година.
Во блог пост на Натаниел Глејчер, раководител на безбедносните политики на Фејсбук, се вели дека дел од симнатите налози не биле фокусирани на САД, имале мал број потписници и не ги таргетирале претседателските избори во 2020 година.Сепак, овие налози биле на актери поврзани со мешање во изборите на САД во минатото, „вклучувајќи ги украдените електронски пораки од серверите на Демократскиот национален комитет и кампањата на Хилари Клинтон пред четири години“.
Некои од избришаните налози се мрежи поврзани со Агенцијата за интернет истражувања, таканаречената „фабрика за тролови“ од Санкт Петербург, која е обвинета за мешетарење во изборите во 2016 година. Оваа мрежа била фокусирана на создавање „фиктивни персони“, кои се претставуваат како новинари или уредници, и го пренасочуваат сообраќајот кон веб-страни креирани од нив а се прикажуваат како независни медиумски портали или тинк тенкови, соопштија од Фејсбук.
На почетокот на месецот, двете социјални мрежи избришија друга мрежа од налози поврзани со руската агенција која поставила веб-страна што се претставувала како независен медиум која успеала да вработи „новинари без да знаат дека се врбувани“ да пишуваат статии споделувани од десетици налози создадени со помош на вештачка интелигенција.
Намерата била да се шират лажни статии за расна праведност, за демократската претседателска камања на Џо Бајден и Камала Харис, и политиките на претседателот Доналд Трамп. Како и тоа да се одвлечат лево ориентираните гласачи од кампањата на Бајден-Харис, на сличен начин како што беа одвлекувани прогресивните и малцинските гласови од Клинтон за време на изборите во 2016 година.
Поврзани артикли