ZTE Axon 20 5G претходно овој месец стана првиот светски телефон со камера под екранот што се најде во продажба. Другите брендови исто така работат на телефони со оваа технологија, а меѓу нив е и Realme.

Xu Qi Chase, потпретседател на компанијата Realme објави фотографија од смартфонот на страниците на Weibo, а уредот нема засек ниту punch-hole отвор за селфи камерата. Тој во коментарите појасни дека уредот нема да има ниту pop-up механизам, што значи дека ќе ја користи технологијата на камера под дисплејот.

Други детали за смартфонот не се откриени и не е познато кога Realme ќе го претстави. Можно е дека ова ќе биде следниот премиум модел на кинеската компанија. Ова не е прв телефон без засек за Realme, со оглед на тоа дека во јули беше претставен Realme X, со издигнувачка селфи камера.