Бидејќи пандемијата на коронавирусот не стивнува и бидејќи се предвидува уште еден бран, Google реши да објави интересна опција за својата популарна апликација.
Google соопшти дека во подготовка е верзија на Google Maps, што им овозможува на корисниците да ги погледнат деловите од градот и во каква состојба се наоѓаат, кога е во прашање бројот на заболени од Ковид-19.
Имено, корисникот ќе може да ја види целата мапа на градот и обоено-кодирана верзија на истата, која покажува дали одредени делови на градот имаат повеќе од 100.000 позитивни случаи.
Овие информации ќе бидат достапни во повеќе од 220 земји, како и кај териториите кои Google Maps ги поддржува. Каде што е тоа можно, Google ќе го намали бројот 100.000 во зависност од големината на градовите, но тоа зависи од броевите и информациите со кои располага Google. Компанијата истакнува дека собира информации од повеќе извори, како што се Johns Hopkins, The New York Times и Wikipedia, кои ги добиваат информациите од локалните и меѓувладините организации. Тоа се истите извори што Google ги зема да ги прикаже на резултатите од пребарувањето.
Овој нов слој, мрежа или лејер ќе биде достапен на Google Maps за Android и iOS уредите до крајот на септември, што значи дека ќе ви бидат потребни неколку дена за да ја видите новата опција. Би требало и Македонија да се наоѓа во тие 220 земји, како и земјите од регионот.
Новата функција ќе ви покажува и кои делови од градот имаат пад, како и раст на заболени од коронавирус. Претпоставуваме дека жариштата ќе бидат обоени со црвена боја, нешто поумерените средини ќе бидат обележани со жолта, додека зелена веројатно ќе го означува делот каде што нема заразени.