Mobile World Congres (MWC) во Барселона традиционално се одржува секоја година во последната недела на февруари или првата недела од март. Поради пандемијата на коронавирусот, MWC 2020 беше откажан, а организаторот на манифестацијата GSM Association сега објави дека MWC 2021 ќе биде одржан помеѓу 28. јуни и 1. јули во 2021. година.
MWC, сепак, ќе се случи и во текот на февруари, бидејќи за периодот од 23. до 25. февруари е планирано одржување на Мобилниот конгрес во Шангај. Конференцијата во Кина е наменети за азиско-пацифичкиот регион и брендовите што вообичаено не ги промовираат своите производи и услуги во Барселона.
Извршниот директот на GSM Association, Џон Хофман истакна дека партнерите и клиентите остануваат посветени на тоа MWC 21 во Барселона да биде успешен. Според неговите зборови, конференцијата е искуство што ја зближува целата индустрија.
[ANNOUNCEMENT]
#GSMA today announced a rescheduling of MWC Barcelona & MWC Shanghai 2021.Moving the Barcelona event to 28 June – 1 July 2021 allows the GSMA to contend with external circumstances related to COVID-19.
Read the latest details – https://t.co/b9lG6sn67g #MWC21 pic.twitter.com/MHGzjTghFH
— GSMA (@GSMA) September 23, 2020
Засега не е познато кои изложувачи ќе учествуваат на конференцијата во јуни. Бројни компании, меѓу кои Sony, LG, Amazon, Intel, Facebook и Nokia се повлекоа од MWC 2020 уште пред настанот официјално да биде откажан. Дали овие компании, но и другите, ќе се вратат следната година, во многу ќе зависи од ситуацијата со Ковид-19 во следниот период.
Поврзани артикли