HP го претстави новиот Chromebook што го покренува AMD Ryzen C серијата мобилни процесори. HP Pro c645 Chromebook користи Wi-Fi 6, овозможувајќи 3x поголеми брзини до 4X капацитет во споредба со Wi-Fi 5, што обезбедува подобра продуктивност.
Pro c645 Chromebook има 14-инчен HD AG (1366 x 768) / FHD IPS (1920 x 1080) дисплеј со тенки рамки. Опциите на процесор ги вклучуваат AMD Athlon Silver 3050C, AMD Athlon Gold 3150C, AMD Ryzen 3 3250C, AMD Ryzen 5 3500C i Ryzen 7 3700C, со интергриран AMD Radeon GPU.
Лаптопот ќе биде понуден со три опции на RAM, вклучувајќи 4GB, 8GB и 16GB LPDDR4 RAM, како и 32GB / 64GB eMMC или 128GB PCIe NVMe M.2 SSD простор за складирање. Тука е и 3C 58 Whr батерија, што трае до 10,5 часа со едно полнење. Достапна е и опционална тастатура со позадинско осветлување.
Портовите на уредот вклучуваат 2x USB Type-C (USB Power Delivery, DisplayPort 1.2), 2x USB Type-A, 1x HDMI 1.4 Combo Headphone/Mic; 1x microSD слот. Има и поддрпка за Intel 2×2 Wi-Fi 6 со Bluetooth 5.0. Titan C чипот е засдолжен за безбедноста, заедно со сензорот за отпечатоци од прсти, nano Kensington Security Lock слот и HP приватна камера.
HP Pro c645 Chromebook се очекува на пазарот на почетокот на декември, а цената ќе биде објавена накнадно.