Twitter ќе испраќа нотификации и известувања до корисниците во САД за да ги поттикне да се пријават за да гласаат на претстојните претседателски избори, пренесува USA Today. Кампањата очигледно е темпирана да се совпадне со Националниот ден на регистрација на гласачи во САД.
Освен чистото вербално поттикнување да се регистрираат за гласање, Twitter исто така ќе му испрати на секој корисник од САД потсетување да ја потврди својата регистрација преку алатката TurboVote на интернет и линк до „Twitter moment“ со повеќе информации за регистрација на гласачи.
Некои дополнителни алатки за оваа кампања, кои весникот ги опиша како „најголемите притисоци од Twitter досега“, ќе ги вклучуваат новите хаштагови #NationalVoterRegistrationDay и #VoteReady.
Кампањата на Twitter следи по онаа на Facebook кој почна слична иницијатива „излези да гласаш“ во средината на август.
Ваквото мешање во изборниот процес од страна на социјалните медиуми може да ја измени излезноста, стравуваат експертите. Бидејќи примателите на сигнали и известувања се најголемиот дел од корисниците на специфичната платформа, Facebook може да ја измени излезноста на постарите и поконзервативните, додека Instagram, на пример, веројатно ќе ја измени излезноста на помладите и полибералните.
САД треба да одржат претседателски избори на 3 ноември. Актуелниот претседател Доналд Трамп е кандидат на Републиканската партија, а поранешниот потпретседател Џо Бајден е кандидат на демократите.
Поврзани артикли