Google би требало на 30. септември на онлајн хардверска презентација да ги претстави новиот смартфон Pixel 5, обновена верзија на паметниот звучник Google Home и многу веројатно новата верзија на стриминг уредот Chromecast. За првите веќе нешто дознавме, а неколку дена пред самото претставување протекоа и доста детали за новиот Chromecast.
Уредот и натаму ќе остане со компактни димензии и ќе може незабележително да се скрие зад телевизорот, но во неговото функционирање ќе има големи промени. Chromecast би требало да има поддршка за Android TV, услуга што ќе биде преименувана во Google TV. Со самото тоа, малиот гаџет би требало покрај обичниот стриминг, да добие и многу други функции што обично ги има на Android TV боксовите, како што се стримање на локална содрќина преку Plex, гледање ТВ програми и слично.
Google #Chromecast with #GoogleTV (full Android TV)… got a bunch final product pics for you. Excuse the low res on some. The remote has _extra buttons_ for YouTube and NETFLIX! https://t.co/LffP1maxTV
— Roland Quandt (@rquandt) September 18, 2020
Корисниците, пак, кои не сакаат со овој уред да управуваат преку смартфонот, ќе го добијат посакуваното. Имено, новиот Chromecast би требало, според достапните информации да пристигне со далечински управувач. На фотографиите кои стигнаа во јавноста преку германскиот портал WinFuture се гледа далечински управувач со само неколку копчиња и тркалце. Тука се и посебно доделените копчиња за стартување на YouTube и Netflix, како најчести сервиси кои се гледаат преку Chromecast, копче за гласовни наредби, и неколку основни функции (Home, Back, Mute, On/Off).
Новиот Chromecast со услугата Google TV и натаму ќе се спојува на телевизор преку сопствениот краток HDMI кабел, а сега веројатно ќе се полни преку USB-C приклучокот.