Девет и пол години по лансирањето на конзолата Nintendo 3DS, компанијата одлучи да го затвори процесот на производство и да ја испрати во пензијата конзолата која на почетокот на 2010-те години рушеше рекорди на продажба. Nintendo Switch успешно ја замени оваа генерација популарни конзоли, што во свое време беа исклучително иновативни и интересни за гејминг заедницата.
Беа потребни девет и пол години и 76 милиони продадени примероци, Nintendo конечно да каже дека е доста. Nintendo 3DS замина во пензија, сега и официјално. Тоа беше првиот уред што имаше способност да го измами човечкото око и да му понуди 3D слики како оние што ги гледаме во кино проекциите, само без очила.
Она што беше битно за 3DS е дека стекна популарност дури по одреден период, а на почетокот не одеше се баш така одлилчно. Пропаста на конзолата долго се очекуваше, имаше и доста најави дека Nintendo ќе престане со развојот на игри. Меѓутоа, се отиде во нејој друг правец. Сега, кога производството е завршено, Nintendo DS останува суврене владетел на најпродаваната конзола. Nintendo ја гледа иднината во конзолата Switch, бидејќи оваа година доживеа исклучителна популарност, а моментно процесот на производство не може да ги задоволи потребите на пазарот.