Поминаа повеќе од три години откако Logitech го претстави MX Anywhere 2s глувчето, а компанијата сега го престави неговиот наследник – MX Anywhere 3. Кога се во прашање спецификациите, новата верзија е слична на претходникот, со истото Darkfield следење си висока прецизност и поддршка за Logitech Flow.
Една од позначајните измени е тоа што MX Anywhere 3 пристигнува со ново MagSpeed скрол тркалце, кое е креирано од обработен челик. Глувчето може да скролува до 1000 линии во секунда, а може автоматски да се префрлува помеѓу исклучително брзите и стандардни модови на скролање.
Уште една битна промена е имплементирањето на USB Type-C портот за полнење, што го менува micro/USB конекторот од MX Anywhere 2s моделот. Капацитетот на батеријата е сличен, а со едно полнење трае до 70 дена (минута полнење овозможува три часа користење на маусот).
Logitech MX Anywhere 3 пристигнува на Pale Gray, Rose Pink и Graphite варијантите на бои. Глувчето ќе биде достапно во регуларна варијанта и за Mac, а во Европа ќе се продава по цена од 93 евра.