Amazon Music сервисот за стриминг на музика сега нуди и подкасти. Компанијата објави дека сега на својата платформа има повеќе од 70.000 емисии, а дека многу наскоро, уште на почетокот на 2021. година ќе добие и одредени ексклузиви.
Подкастите можат да се слушаат преку Amazon Music апликацијата, преку веб-прегледникот на компјутер или на Amazon Eho уредите. Eho ќе има предодредено пребарување на Amazon Music сервисот, а ќе памети и каде слушателите застанале последниот пат, без оглед на која платформа слушале.
Новата услуга на Amazon во рамките на Amazon Music сервисот посебно е интригантна имајќи го на ум најскорешниот потег на компанијата на Amazon, Audible која го нуди својот најнов и најевтин план на претплата, што на слушателите им овозможува достапност на ексклузивни подкасти. Овие емисии, сепак, не се вклучени во Amazon Music и доколку корисниците сакаат да слушаат некоја Audible емисија, ќе мораат посебно да ја платат.