Facebook Messenger тсега поддржува снимање во 360 степени и видео со висока резолуција. Во него може да се вчитуваат снимките од камерата што го имаат тој режим на работење. Доколку снимите панорамска снимка, Messenger може да ја претвори во снимка во 360 степени.

Споделувањето на фотографиите направени во 360 степени е речиси исто како вообичаената постапка на додавање фотографии. Проверете дали фотографијата е во „camera roll“.

Како и фотографиите во 360 степени во News Feed, и во Messenger ќе можете да управувате со нив за да ги погледнете од повеќе агли. Фотографиите во 360 степени се означени со кружно сличе во долниот десен агол.

Видеорезолуцијата е подигната на 720 p. Facebook во текот на минатата година ја подигна резолуцијата на 4К (1.080 p).

Новата можност сега е достапна во 18 држави – меѓу кои и Америка, Велика Британија, Канада и Австралија.

Извор: Tportal.hr