Samsung одлучи да понуди празничен подарок за корисниците на Galaxy S9 и Galaxy S9 + со пштање на Android Pie за уредите.

Конечната верзија е достапна за сите корисници, а не само за оние во програмата за бета тестирање, но засега е достапна само во Германија, Швајцарија, Италија, Црна Гора и ОАЕ.

Неодамна, компанијата објави дека новата верзија ќе биде достапна во јануари, но очигледно е веќе готова со ажурирањето и сега се шири на сите компатибилни уреди.

Финалниот софтвер е со верзија G960FXXU2CRLI и G965FXXU2CRLI соодветно за Galaxy S9 и Galaxy S9+.

Ажурирањето е 1744.24MB, што е нормално за ваков важен „апдејт“, а со него доаѓа новата верзија на интерфејсот на компанијата наречен „One UI“