Fortnite и Roblox ги заменија бомбоните како главен начин на трошење на џепарлакот меѓу децата, а покрај тоа штедат и за скапите уреди на Apple.

Детството во дигиталниот и смартфон период радикално се разликува од начинот на растење во минатото. Наместо надвор на воздух и во игра, се повеќе деца времето го минуваат во своите четири ѕида на мобилните уреди, социјалните мрежи и видеоигри, а во склад со тоа се промени и начинот на кој го трошат својот џепарлак.

Според истражувањето спроведено во Велика Британија, а чии резултати веројатно делумно би можеле да се применат и на бројни други земји, децата својот џепарлак не го трошат на бомбони и книги, туку парите добиени од родителите и роднините најчесто ги трошат во дигиталниот свет, купувајќи додатоци во видеоигрите. Истражувањето неодамна спроведено меѓу 24.000 деца на возраст меѓу 4 и 14 години, покажа дека парите најчесто ги трошат на онлајн платформата за игри Roblox и секако планетарно популарниот Fortnite, кој е бесплатен, но врти милијарди со продажба на различни додатоци во рамките на играта.

На третото место според потрошувачката на џепарлакот се наоѓаат Lego коцките, нешто што сепак не е променето со текот на годините и во чие составување и игра уживаат генерациите најмлаки, но и оние малку постари. Дури на четвртото место се наоѓаат бомбоните и книгите, што претходно беа на првото место според трошењето на џепарлакот.

Интересно, во однос на минатата година, децата денес штедат повеќе од џепарлакот што ќе го добијат (43,5 проценти во однос на 38 проценти), а уште поинтересни се брендовите за кои штедат. Покрај веќе споменатите Roblox и Lega, децата помеѓу 4 и 14 години веќе сега штедат пари за – уредите на Apple. Што се однесува на начинот на кој децата ги заработуваат парите, тоа е најчесто со чистење на своите соби, додека најголем џепарлак добиваат кога ќе им ја исперат колата на родителите.