Xiaomi се подготвува да го претстави новиот смартфон, под името Mi 10T Pro. За уредот уште претходно протекоа некои информации, а сега е потврдена и цената на телефонот за пазарите во Европа.
Дојавувачот Digital Chat Station објави фотографија која истакнува дека Xiaomi Mi 10T Pro ќе има 144Hz Super brush LCD, Snapdragon 865 чипсет, главна камера од 108MP и 5000mAh батерија. Цената на уредот ќе изнесува 699 евра.
Претходно се појавија и рендери од смартфонот, кои откриваат решение со засек за селкфи камерата во горниот лев агол на екранот, сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, 108MP камера (можеби со ISOCELL Bright HMX сензор).