Huawei MatePad Pro 5G е премиум таблет, со конекција од следната генерација, но стигнува по висока почетна цена од околу 785 долари. MatePad 10.4 е поевтин, но доаѓа само во Wi-Fi верзија и не е толку моќен како MatePad Pro 5G. Помеѓу овие два модела е сместен само што официјализираниот таблет Huawei MatePad 5G.
Huawei MatePad 5G е сличен на 10,4-инчниот модел, но има помоќен Kirin 820 чипсет со 5G поддршка, како и Wi-Fi 6. Тука е и посилниот Mali-G57 MP6 GPU. Достапна е една конфигурација, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање (проширлив преку microSD картичка).
MatePad 5G користи 10.4-inčni IPS LCD панел со 2000 x 1200p резолуција. Во рамката е сместена 8MP предна камера, додека на задната страна исто така има 8MP камера. Присутни се и четири звучници, како и четири микрофони.
Капацитетот на батеријата е 7250mAh, со поддршка за 22.5W полнење. Батеријата се полни до 30 проценти за 30 минути, додека 2,5 часа и е потребно да се наполни до врв преку USB-C порт.
Таблетот е компатибилен со неколку додатоци – футрола со хардверска тастатура и M-Pencil стајлус. Оперативниот систем е EMUI 10.1 (заснован на Android 10, без GMS), а го поддржува и Huawei десктоп искуството, што таблетот го ретвора во замена за лаптоп.
Huawei MatePad 5G е достапен во бела и сива варијанта, а засега нема информации за тоа дали и кога таблетот ќе биде објавен глобално.