Виртуелната судница требаше да биде солуција за ионака загушен правен систем во Нигерија. Наместо тоа, таа е искористена да се осуди еден човек на смрт!
Цел свет остана шокиран на 4. мај, кога еден Нигериец стана првиот човек кој е осуден на смрт преку виртуелен состанок што се одржа на Zoom. Судењето траеше многу кратко, а набрзо протекоа фотографии на осуденикот Олалекан Хамеда (35 години), кој се прудружи на повикот од затворот, а делува дека бил сам. Два дена пред пресудата, преку Twitter се појави линк на овој повик, што остана незапазено. Нигеријците тогаш излегоа од карантин кој траеше пет недели, поради пандемијата на коронавирусот. Довербата во судскиот процес во таа земја беше на многу поголемо ниво во однос пред 21 година, но смртните пресуди се и натаму едни од најгорливите прашања.
Судењето на Олалекан почна пред две години. Тој во 2018. година работел како возач за да го плати школувањето, за потоа да биде уапсен за кражба и убиство, отккао беше обвинет дека крадел од својот шеф, а потоа ја убил неговата мајка. Два дена пред апсењето, неговиот брат откри дека Олалекан дипломирал на Националниот Институт за маркетинг и планирал да најде работа во таа област.
Случајот не привлече големо внимание од медиумите, ниту јавното мислење, а на 30. март оваа година Нигерија почна да ги затвора градовите поради пандемијата. Се се промени на 3. мај, кога неговиот брат доби повик од адвокатот, кој му соопшти дека судењето ќе биде следниот ден, и одлуката дојде кога тамошната влада ги ублажи мерките на карантин.
Дури ни на денот на судење, веста дека се одржува судење преку Zoom не стана вирална, единствено се огласуваа адвокатите преку своите Twitter профили, каде што ги поделија своите username и password на сите заинтересирани. Воопшто немаше никакво медиумско внимание, се додека TransparencIT не подели фотографија од судењето.
BREAKING: The Lagos State Judiciary today held its first ever virtual court proceedings delivering a judgment in a murder and stealing trial involving Olalekan Hameed. The court session, for the charge marked ID/9006C/2019, held online via a video app & was joined by all parties. pic.twitter.com/YWweaOh0Re
— TransparencIT Nigeria (@TransparencITng) May 4, 2020