Европската унија е решена да спречи скандал во стилот на Cambridge Analytica, каде што политичарите ги злоупотребуваат личните податоци за стратешки придобивки. Financial Times дознава за нацрт-амандман на Европската комисија, кој ќе ги казни политичките организации, доколку имаат корист од прикриеното собирање лични податоци.

Деталите околку казните, наводно, сè уште во тек, но тие ќе изнесуваат околу 5 отсто од годишниот буџет на политичката партија – што не би било фатално за кампањата само по себе, но би се искачило на врвот на казните поврзани со GDPR.

Оваа мерка сè уште може да се смени пред да биде целосно завршена, и ќе мора да пројде низ гласање во Европскиот парламент и да добие одобрение од поединечни земји-членки на ЕУ.

Сепак, постои силна мотивација за брзо усвојување на амандманот. Изборите во Европскиот парламент ќе се одржат во мај следната година, а постои загриженост дека Русија и другите анти-ЕУ фракции ќе се обидат да влијаат врз гласовите и да ја ослабат Унијата.

Ова би можело да ги обесхрабри партиите да прифаќаат податоци без истите да се проверат како се добиени, а тоа, од друга страна, може да ги одврати малициозните организиации да се обидат да пренесат неовластени податоци.