Британската интернет аналитичка компанија Cambridge Analytica соопшти дека ќе прогласи банкрот, откако се најде во центарот на скандалот поради злоупотреба на лични податоци на корисниците на Facebook во политички кампањи.

Компанијата е обвинета дека ги злоупотребила личните податоци на речиси 87 милиони корисници на Facebook и ги споделила со политички клиенти и консултантски фирми. Официјални лица од компанијата наведуваат дека по скандалот ги изгубиле сите клиенти и дека морале да прогласат банкрот.

Портпаролката на Cambridge Analytic“, Кларенс Мичел изјави за ВВС дека компанијата во последните неколку месеци била на мета на бројни неосновани обвинувања и покрај обидот да се исправи ситуацијата. Според неа, активностите на Cambridge Analytica не само што не биле нелегални, туку се широко распространети во онлајн огласувањето, како во политичките, така и во комерцијалните арени.