Google Street View нуди поглед во светот, колку и бизарно или интимно тоа да изгледа. Тој прозорец води и до вашиот дом, но за среќа постои решение.
Street View почна да функционира во 2007 година како систем што овозможува да разгледувате улици и градови насекаде низ светот. Од самиот старт се чинеше дека тоа е контроверзна идеја, а некои понекогаш бизарни фотографии разгоруваа и дискусии.
Една година подоцна, предградието на Минесота Норт Оукс донесе одлука дека не сака да биде прикажано на сервисот и по заканата со тужба Google ги тргна снимките од целото предградие.
Ова е постапката како да го „заматите“ вашиот дом на Street View:
1. Отворете Google Maps и напишете ја адресата на вашиот дом.
2. Влезете во Street View mode така што ќе го повлечете човечето од долната десна страна на картата кон вашата адреса.
3. Наместете го погледот така да се гледа вашата куќа, кликнете на Report a problem во долниот десен агол на екранот.
4. Наместете го црвеното поле на вашиот дом и изберете My home и Request blurring.
5. Напишете ја причината зошто сакате вашиот дом да биде „замаглен“ (blurred). На пример, наведете дека сте загрижени за вашата безбедност.
6. Внесете ја вашата e-mail адреса и кликнете Send.
Бидете сигурни во својата одлука бидејќи кога Google еднаш ќе ја замагли куќата или зградата, тоа останува така засекогаш.
По оваа постапка очекувајте e-mail од Google во кој ќе стои дека ја прегледуваат сликата што сте ја пријавиле и дека ќе ви пратат друг e-mail откако вашето барање ќе биде решено. Можно е да ви побараат подетално објаснување за просторот што сакате да го „замаглите“, па ќе треба да ја повторите целата постапка.
Не постои конкретен рок во кој Google е обврзан да го реши вашето барање. Истата постапка може да ја спроведете и на Bing Maps.
Извор: B92.net