Преносот на податоци од компјутер на телефон и обратно може да се претвори во „танц“ помеѓу USB кабелот и мејлот, но Microsoft и Samsung сега имаат подобар начин.

Најновиот Windows 10 Insider build им овозможува на корисниците преку WiFi конекција да разменуваат фајлови помеѓу компјутерот и компатибилните смартфони на Samsung, како што се Galaxy S10 и Galaxy S20.

Microsoft веќе почна да им ја олеснува работата на корисниците помеѓу Android/Samsung уредите и компјутерот. Минатиот месец е воведен copy-paste од Windowsa 10 на Samsung телефоните, а можно е и преку Windows 10 да се одговори на повиците и да се примат нотификации од било кој смартфон кој користи Android. Апликациите од трети страни овозможуваа слични можности, но тој процес сега ќе биде полесен за мејнстрим корисниците.

Се што е потребно е Microsoft апликацијата Your Phone и апликацијата на Samsung, Link to Windows. Фотографиите и фајловите се избираат со долго притискање на телефонот и избор на оние кои сакате да ги префрлите на PC, а од компјутерот е доволно со маусот да се „повлечат“ фајловите во прозорецот Window Phone.

Големината на фајловите е ограничена на 512 MB, така што нема ништо од префрлање на HD филмови од компјутер на смартфон. Исто така, трансферот е ограничен на 100 фајлови. PC и паметниот телефон мораат да бидат на иста Wi-Fi мрежа.