Samsung во третиот квартал забележа пад на продажбата на паметни телефони за 13,3 отсто во споредба со истиот период минатата година, а Huawei значителен раст од над 30 отсто, покажува извештајот на аналитичката фирма Strategy Analytics.

Samsung во третиот квартал испорачал 72,3 милиони телефони, што е 13,3 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, кога се испорачани 83,4 милиони телефони.

Huawei нема такви проблеми, бидејќи во текот на третиот квартал испорачал 51,8 милиони уреди, што претставува зголемување за 32,5 отсто во споредба со минатата година.

Apple има благо зголемување на бројот на продадени телефони, и во третиот квартал се испорачани 46,9 милиони уреди, што е 0,4 отсто повеќе од минатата година.