Вие не можете да ги видите додека им се предавате на омилените содржини, а тие се повеќе владеат – покажуваат истражувањата!
Не е тајна дека многу корисници гледаат безобразни содржини кога и да ќе посакаат, пробувајќи да ги прикријат трагите за тоа на својот компјутер како што знаат и умеат.
Сепак, некогаш не се ни свесни на што се треба да обрнат внимание…
Малверот посаден низ рекламите на компјутерите на корисниците цвета во текот на пандемијата, преку гледање порно содржини, односно преку рекламите што се прикажуваат на тие сајтови. Не е исклучено дека ги користат самите сајтови за возрасни, велат безбедносните компании, но не постојат ни конкретни докази за тоа.
Проблем е тоа што во прашање се обични реклами, закупени преку легални и несомнителни рекламни агенции, а во нив всушност се наоѓа злонамерен код, што се извршува на компјутерите со недоволно заштитен софтвер – оние на кои не постои антивирус или некој друг вид на заштита од напади и малвери. Исто така, се користи ранливоста на тн. plugin компоненти и самите интернет прегледници, преку кои малверот и злонамерниот софтвер се вметнуваат на компјутерот на корисникот и оттаму го продолжуваат својот пат.
Овој тип на напади не е непознат, но повторно е активен, односно поактивен како никогаш досега, пренесува ArsTechnica, наведувајќи дека поради короната многу корисници повеќе гледаат филмови за возрасни отколку претходно. Типовите на измами се различни – од прикажување на реклами насекаде низ компјутерот, односно неговите менија, преку рударење на криптовалути и собирање на приватни податоци, за малверот да се шири понатаму, до банкарски и различни други финансиски малверзации и грабежи.
Наводно, реклами со малвер, компанијата Malwarebytes откри и на еден од најпопуларните порно сајтови, што го посетуваат стотици милиони луѓе месечно, но името на сајтот не се наведува.
За да се заштитите, исклучете ги plugin-овите во прегледникот, користите антивирус, употребувајте блокатор на реклами како самостоен софтвер и исклучете ја можноста за следење и/или колачињата во својот браузер, кои ги користите во тие цели.
Убаво е да се ужива, но немојте тоа подоцна да ве чини и нерви и пари…
Поврзани артикли