Кинеската компанија Realme им испрати на медиумите покани за настан што ќе се одржи на 21. септември, а во текот на кој ќе биде претставена Realme Narzo 20 серијата телефони.

Како што сугерира самото име, во прашање се телефони што ќе ја наследат Narzo 10 серијата, која дебитираше на пазарот во текот на мај оваа година.

Овој пат, Realme Narzo 20 уредите би требало да пристигнат во неколку варијанти, вклучувајќи ги Narzo 20A, Narzo 20, како и премиум моделот Narzo 20 Pro.

Самата покана ја открива и силуетата на дизајнот за секој од трите претстојни смартфони. Првите два уреда од левата страна, со сензори за отпечатоци од прсти на задната страна, најверојатно се Narzo 20A и Narzo 20, додека моделот од десната страна би требало да биде Narzo 20 Pro.