Универзитетот Оксфорд објави дека продолжува со клиничките испитувања во Велика Британија за потенцијалната вакцина против коронавирус, која ја развива заедно со фармацевтскиот гигант АстраЗенека.
Вакцината неодамна влезе во третата фаза на испитувања. Сепак, еден од учесниците во истражувањето во Велика Британија доби симптоми поврзани со ретко воспалително нарушување на ‘рбетот, по што тестирањето беше паузирано.
Во соопштението за печат од Оксфорд се вели дека паузата обезбедува време за преглед на информациите од страна на независна комисија и национални регулатори.
Комисијата препорача да продолжат клиничките испитувања.
Оваа вакцина се смета за најперспективните во борбата со коронавирусот.
Поврзани артикли