Компанијата ABIBOO откри интересен концепт за тоа како би изгледал животот на Црвената планета.

Градот е наречен Nuwa и претставува прва заедница на Марс, во него може да живеат 250.000 луѓе.

Изградбата е планирана така што луѓето би имале пристап до сончева светлина без ризик од преголемо изложување на радијација.

ABIBOO планира да започне со изградба во 2054 година, а првите жители би требало да се доселат до 2100 година.

Целта на проектот е да се изгради самоодржлива цивилизација на површината на Марс која ќе може да опстане без постојан транспорт на намирници од Земјата.

„Ќе мора да направиме бројни анализи за да се обидеме да сфатиме какви околности нè чекаат. Мора да се соочиме со предизвиците на Марс, еден од нив е гравитацијата. За среќа, тука се CO2 и водата, тоа е голема предност. Со помош на вода и CO2 ќе може да создадеме јаглерод, а со помош на него челик. Во суштина, ABIBOO планира да користи единствено материјали од Марс за изградба на градот“, стопи во соопштението на компанијата.