Tретина од Русите веруваат дека руската наука е пред сите други во светот и тие сметаат дека борбата против коронавирусот е едно од најголемите достигнувања во последните неколку години.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Рускиот центар за истражување на јавното мислење.

„Најчестиот одговор на Русите е дека најголемите достигнувања на руската наука се борбата против коронавирусот и развојот на вакцината. Втор најчест одговор е рускиот военоистражувачки и военоиндустриски комплекс“, стои во извештајот за истражувањето, пренесува „Тасс“.

Речиси една третина од Русите сметаат дека руската наука е пред сите други на глобално ниво, додека 34 проценти сметаат дека малку заостанува.

Анкетата била спроведена на 30 јануари на примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години.