Се појавија официјални рендери кои наводно го прикауваат претстојниот Xiaomi Mi 10T Pro телефон и откриваат некои детали за камерата на задната страна на уредот.
Ознаката „108MP camera“ е јасно видлива под големиот модул во горниот лев агол на теелфонот. Потребно е да се истакне дека тука се работи за троен систем на камери, иако изгледа дека се во прашање четири камери – функцијата на сензорот во горниот десен агол не е позната (можеби во прашање е ласерски автофокус).
Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа од страна на рамките на телефонот. Гласините сугерираат дека екранот ќе биде LCD со 144Hz стапка на освежување, што влијаеше на поместување на скенерот за отпечатоци (најголем број Mi 10 модели користат OLED панели со сензор за отпечатоци под дисплејот).
Xiaomi Mi 10T Pro ќе има поддршка за 5G конекција, благодарение на Snapdragon 865+ Чипсетот. Засега не е познато дали Xiaomi Mi 10T Pro, како и стандардниот модел ќе бидат достапни надвор од Кина.