Samsung Electronics и LG Display се очекува да престанат да ги снабдуваат врвните смартфони на Huawei со дисплеи поради ограничувањата на САД, објави корејскиот онлајн медиум Chosun Biz, цитиран од Reuters.
Samsung Display, чии најголеми клиенти за OLED екрани се Samsung Electronics и Apple, одбија да ги коментираат овие информации.
Во изјавата, LG Display истакна дека потегот на САД ќе има минимално влијание врз компанијата, со оглед на тоа колку панели продава на Huawe“. Таа додаде дека ќе продолжи да ја диверзифицира својата база на клиенти.
Во август, САД ги заострија своите ограничувања за Huawei. Тие им забранија на снабдувачите да продаваат чипови произведени во Америка на кинескиот телекомуникациски гигант без посебна лиценца.
Samsung Display и LG одлучија да ја запрат продажбата на Huawei од датумот на влегување во сила на ограничувањата – 15-ти септември.
Причината за ова е фактот дека забраната ги опфаќа чиповите потребни за користење на дисплеите, а нарачките на Huawei не претставуваат голем дел од нивниот бизнис во споредба со оние на клиенти како што е Apple, објави „Chosun Biz“, повикувајќи се на извори од индустријата.
Поврзани артикли