Motorоla се подготвува за претставување на новиот член на G9 семејството на евтини смартфони.
По само неколку недели откако е претставен Moto G9 Play, Moto G9 Plus се појави на веб-сајтот Orange во Словачка.
Според податоците, смартфонот ќе чини 255 евра и ќе има 4 задни камери вклучувајќи ја и главната од 64 MP, а ќе го напојува батерија од 5.000 mAh.
Уредите од серијата G како што се G Stylus и G Power имаат одлични спецификации. Камерите се одлични со оглед на ниската цена, батеријата исто така.
Moto G9 Plus ќе има 6,81-инчен екран со резолуција од 1.080п, 4 GB RAM, 128 GB интерна меморија, а ќе користи Android 10. Не е позната резолуцијата на останатите три задни камери.
Moto G9 Play е малку поевтин од моделот G9 Plus бидејќи во Европа чини 169,99 евра. Има помал екран од 6,5-инчи со резолуција од 1.080п, три задни камери вклучувајќи ја главната од 48 MP со Snapdragon 662 процесор. Се очекува дека G9 Plus ќе има Snapdragon 730 процесор.
Засега не е познато кога ќе започне продажбата на Moto G9 Plus.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли