Мисијата Artemis, со која NASA планира да се врати на Месечината, но и да ги одведе астронаутите на Марс, се уште во рана фаза на развој, но одредени делови од технологијата потребни за новата ракета SLS (Space Launch System) веќе се подготвени. Еден од нив е и прв пат во полна сила тестираниот ракетен потисник Flight Support Booster (FSB-1), што ќе биде клучен дел од првиот степен на SLS ракетата.

NASA овој потисник го тестираше на полигонот во Јута, а статичниот тест на палење на ракетните мотори траеше две минути – отприлика колку што на ракетата ќе и треба за лансирање и влез во атмосферата. SLS ќе има два вакви потисника, а заедно со средишниот степен на ракетата би требало да биде најмоќната ракета некогаш изработена за вселенски патувања.

Тестираниот прототип на потисникот, со големина на оние кои ќе се вградуваат на SLS го изработи Northrop Grumman. Примарната цел беше да се тестираат новите материјали искористени во изработката на ракетните мотори. Пробното палење на моторите што не се случуваат многу во развојот на ракетата, помина очекувано добро, а НАСА објави дека податоците добиени во текот на тестот ќе ги искористи за понатамошниор развој на потисникот.

Секако препорачуваме да го погледнете приложеното видео што дава добар впечаток за силата на овие ракетни мотори.