ZTE го претстави првиот светски паметен телефон кој има камера под екранот – ZTE Axon 20 5G. Кинеската компанија истакнува дека успеала да оствари full view ефект на дисплеј, а при тоа е задржано истото ниво на перформанси на предната камера. Ова е остварено со примена на специјален материјал со високи еуфотични стапки, остварени преку новиот органски и неоргански филм, што го подобрува доведувањето на светлото во предната камера.
Имплементиран е чип со двојна контрола и единствени драјвери што ги решаваат проблемите со синхронизација на боите, кога се користат камери под дисплејот. ZTE креираше и специјален матрикс кој ги оптимизира пикселите, за да се формира константност на дисплејот и да се креира поприродна транзиција на пикселите.
Покрај наведеното, телефонот има и дополнителни under-display технологии, вклучувајќи ги сензорите за амбиентално осветлување, звук и отпечатоци од прсти, а сето тоа за да се постигне полн екран, без прекини и отвори. ZTE Axon 20 5G има 6.92-инчен OLED дисплеј, со поддршка за 10-битна длабочина на бои, 100% покриеност на DCI-P3 спектарот, 20.5:9 однос, а тука е и поддршката за DTS:X Ultra 3D звук.
Смартфонот го покренува Qualcomm Snapdragon 765G чипсет и имплементира подобрен систем на антени, развиени од компанијата ZTE, а кои ја подобруваат стапката на преземање на податоци за 30 проценти.
Кога се во прашање камерите, Axon 20 5G има 64MP super HD главна камера која поддржува 4K видео @60fps, супер ноќни сцени, разубавување на видеата и HDR видео во реално време. Уредот го напојува батерија од 4220mAh, со поддршка за 30W Quick Charge и режим што ја штеди батеријата во 5G.