Samsung го претстави својот 4K ласерски проектор со краток досег, под името Premiere. Проекторот пристигнува во два модела: LSP9T и LSP7T, кои можат да проектираат содржини до 130 и 120 инчи.

Двата проектора пружаат приказ на 4K фотографии, имаат компактен дизајн и можат да се сместат директно пред ѕид или екран. Покрај тоа, Premiere проекторите се опремени со Samsung Smart TV платформата. Тука е и Filmmaker Mode што на гледачите им овозможува да уживаат во филмовите на начин на кој е тоа замислено.

Иако новите проектори имаат слични карактеристики, постојат и некои разлики. Моделот LSP9T поддржува HDR10+, што го прави прв проектор сертификуван за споменатиот стандард.

Samsung Premiere 4K проекторите ќе се најдат во продажба подоцна во текот на годината во САД, Европа и другите региони, но компанијата не ја објави нивната цена.