Станува збор за првиот рутер во светот што ја поддржува новата Wi-Fi 6 мрежа

Asus го претстави новиот 10G рутер под називот Rapture GT-AXE1100 кој поддржува три опсези на испраќање и примање на сигнали во новиот 6 GHz стандард.

Со оглед на тоа што комисијата за комуникации на САД на 23-ти април оваа година го ослободи патот за нова генерација на Wi-Fi конекција, компанијата Asus се фати за работа и веќе го разви најновиот и најмоќен рутер досега.

Како и претходниот модел, така и овој рутер ќе има осум антени чија естетика треба да им се допадне на гејмерите, кои всушност се и таргетна група на овој продукт.

Големата разлика во однос на претходникот е во 6 GHz, што овозможува супер брз Wi-Fi. Што се однесува до капацитетот, дури 11 илјади Mbps можат теоретски „да течат“, а 6 GHz значи дека корисникот сигурно ќе може да ја извлече максималната брзина на најновата генерација Wi-Fi 6.

Рутерот ќе се појави во продажните салони кон крајот на оваа година, а засега не е познато колку ќе чини.

Извор: Mondo.rs