Lenovo најави нови Yoga лаптопи наменети за оние кои сакаат флексибилиност и стил. Новите 14-инчни у 15-инчни Yoga 9i конвертибилни лаптопи, како и Yoga Slim 9i моделот ќе бидат меѓу првите преносни компјутери кои ги користат Interl Core процесорите од следната генерација, со Intel Xe архитектурата за графички карти.
Моделот од 15 инчи користи осмојадрени процесори до Core i9 моделот на актуелната генерација и GTX 1650 Ti Max-Q графички картички.
Yoga Slim 9i и варијантата на 14-инчниот Yoga 9i модел пристигнуваат со облога од кожа, што ги прави полесни и покомфорни за употреба, а при тоа е доволно издржлива да преживее во торба или на изложеност на сонце. Двата кожни 14-инчни модели имаат и edge-to-edge стаклен дел за дланките и тракпад со тактилен одзив.
Опциите за надградба се значајни и вклучуваат дисплеј до 4K HDR, до 16GB RAM или 1TB SSD двата Yoga конвертибилни модела или 2TB SSD за Slim 9i. Lenovo тврди дека новите Intel чипови и поголемата 63.5 Whr батерија ќе овозможи до 20 часа работа на Slim 9i моделот, додека 14-инчните и 15-инчните конвертибилни модели имаат до 19 и 13 часа работа на своите батерии.
Новите 14-инчни и 15-инчни Yoga 9i конвертибилни лаптопи ќе се испорачуваат од октомври, по почетни цени од 1399 и 1799 долари. Yoga Slim 9i пристигнува во ноември, по почетна цена од 1599 долари.
Поврзани артикли