Со цел меѓу жителите да може да се следи ширењето на заразата, Apple и Google во мај активираа нов API, кој разменува клучеви помеѓу телефоните што ќе се најдат во близина еден на друг. Таквите клучеви ги собираат апликациите за следење на контактите и имаат за цел да ги известат луѓето во случај во критично време да биле во контакт со лице заразено со коронавирус.
Сега Apple и Google веќе работат на нова фаза на имплементација на ова решение, во која повеќе нема да биде нужно да се преземе мобилната апликација, каква што веќе имаат неколку земји, за известувањата за потенцијално заразениот контакт да се појават на екранот на смартфонот. iOS и Android наскоро би требало да ја добијат оваа функционалност имплементирана на ниво на оперативниот систем.
Известувања директно од OS
Со други зборови, сите корисници на ажурираните Android и iOS на најновите верзии наскоро ќе можат да го вклучат следењето на контактите и потоа да добијат известување ако системот „забележи“ дека биле во близок контакт со лице, кое во меѓувреме добило позитивен тест на Ковид-19. Тоа би требало да го подобри следењето на ширењето на заразата и да придонесе за јавното здравство. Надградбите се очекуваат во јавна дистрибуција во текот на следните две недели (iOS 13.7 во бета веќе ја има оваа функција).
Специјализираните мобилни апликации за следење на ширењето на заразата и натаму ќе биде потребни. Во нив заразените лица и натаму, со посебен идентификатор добиен при тестирањето, ќе можат да внесат податок за тоа дека добиле позитивен наод, за системот да ги означи како заразени и на сите нивни неодамнешни контакти да им испрати нотификација за тоа.