Vivacom е најбрзата мобилна мрежа во Европа, покажа истражувањето на Ookla, засновано врз строгите стандарди за мерење на апликацијата Speedtest®, постигнувајќи го најдобриот резултат на Speed ScoreTM 2. Студијата се базира на 127.000 тестови спроведени во првата половина на 2020 година, во кои учествуваа 44.000 корисници во Бугарија.

Vivacom е дел од United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа во рамките на кои во Северна Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините услуги ЕОН и телевизиите и порталите Sport Klub, Nova S и N1, како и најголемата регионална платформа за онлајн купување – Shoppster и кој е во мнозинска сопственост на инвестицискиот фонд BC Partners од март 2019 година.

Со истовремено работење во телекомуникацискиот и медиумскиот бизнис, United Grоup ги обединува водечките оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во седум земји, обезбедувајќи врвни телекомуникациски услуги од најновата генерација и најдобра странски и домашни ТВ-содржини на пазар од 27 милиони луѓе во Југоисточна Европа и дијаспората ширум светот.

Како дополнување на веста за големиот успех на United Grоup, уште една нејзина компанија, Telemach во Словенија, го освои сертификатот Best in Test за најдобра мобилна и интернет-мрежа во 2019 и 2020 година во Словенија, според податоците на независната истражувачка компанија Umlaut.

Успешна иднина ја чека и Tele 2 од Хрватска, третиот мобилен оператор во сопственост на United Grоup, чиј развој и раст се во срцето на стратешките планови на Групата.

United Grоup продолжува континуирано да инвестира во развој на иновативни услуги на сите деловни пазари и обезбедување врвно корисничко искуство.

(ПР текст)