Веќе некое време се зборува за мисијата Марс 2000, како и за Artemis, а во прашање е проекти благодарение на кои ќе бидат можни сигурни мисии со човечки екипаж – летови чија цел ќе биде Црвената планета. Неодамна и официјално се најавени човечките мисии кои ќе тргнат на пат кон Марс, во иднината која е можно да се замисли. Во јули 2020. година, еден ровер со големина на просечен автомобил тргна на пат кон Марс, а заинтересираните можат да го следат во реално време.

До целта би требало да стигне во февруари 2021., а во прашање е Perseverance роверот, кој со себе го понесе и првиот хеликоптер, кој ќе полета на некоја друга планета. Агенцијата NASA објаво нова алатка, кој на заинтересираните им овозможува да го следат ова патување, а во прашање  е Eyes on the Solar System, на кој корисниците можат да се логираат и во секој момент да видат колку роверот е оддалечен од Марк. Интерактивниот сајт овозможува и да се види локацијата во соларниот систем и моментниот поглед од леталото.

Од раѓањето на свеста човечките суштества го истражуваат светот околу себе, па одамна се подготвени својата љубопитност да ја прошират подлабоко во вселената, а покрај тоа што до крај не ја разбираат ни матичната планета.  Во тој процес важна улога игра токму агенцијата NASA, која човековите граници полека ги поместува кон Марс, а планирано е и човекот да се врати на Месецчината до 2024. година.