Според пишувањето на интернет страницата Coywolf и основачот на сајтот Џон Хеншоу, се чини дека Apple има намера да се вклучи на пазарот на интернет пребарувачите, каде би им конкуририрал на големите пребарувачи, како што се Google Search и Microsoft Bing.
Компанијата од Купертино наводно вработила поголем број лица, кои се експерти токму на ова подрајче. Причина за претставување на сопствен пребарувач се скорешното завршување на договорот со Google околу нивниот пребарувач, како зададен за iOS, iPadOS и macOS уредите, за што Google му исплаќа на Apple поголема сума пари.
Исто така, тоа дополнително би го разбудило екосистемот на Apple со поголем акцент на приватноста на корисниците (со исфрлање на следењето имплементирано во пребарувачот на Google.
Трагата која наведува на скорешна имплементација на пребарувачот е новиот Spotlight за iOS 14 и iPadOS 14, кој нуди директен пристап на одредени интернет страници и целосно го заобиколува Google во таа постапка.