Американските воздухопловни сили го претставија својот прототип на летачки автомобил

Електричното возило за вертикално полетување и слетување се нарекува Hexa, поради шестоаголниот облик кој го прават моторите над „пилотската“ кабина, а негово тестирање е извршено пред само неколку дена во Тексас.

Компанијата кој го дизајнирала и направила, LIFT Aircraft, на проектот работела неколку месеци со цел да го „забрза комерцијалниот пазар за напредни аеронаутички мобилни возила“.

Како што посочуваат, Hexa во воздухот го одржуваат 18 ротори, превезува еден патник, а во зависност од конфигурацијата, може дури и да плута на вода. Hexa се контролира од џојстик, а за остатокот се грижи автопилот.

Како изгледа сето тоа погледнете во приложеното видео.

Извор: Додај Гас