Според пишувањето на порталот DigiTimes, Аппле во своите нови iPhone модели би можел да почне да вградува хибридни батерии, кои се темелат на технологијата користена во AirPods Pro безжичните слушалки.
DigiTimes објави дека следните iPhone уреди со поддршка за 5G мрежи би можеле да имаат батерии со поголем капацитет и нешто покомпактни батериски модули во однос на актуелните модели на пазарот.
Притоа ќе се користат технологии кои веќе се применуваат во AirPods Pro безжичните слушалки. Apple наводно планира комбинирана употреба на SiP (систем во пакет или system-in-package) и FPCB (флексибилни печатени кругови или flexible printed circuit boards) во претстојните iPhone модели со 5G поддршка.
Таквата технологија, која веќе се наоѓа во AirPods Pro слушалките би овозможила или батерии со иста големина како и сегашните батерии, но со поголем капацитет или пак покомпактни батерии, кои ќе го задржат капацитетот на батериите што се наоѓаат во актуелните iPhone модели.
На тој начин би се намалиле трошоците на компонентите на самиот телефон, кои значајно пораснале поради 5G модемот, а споменатата хибридна батерија на пазарот би можела да се појави со новите iPhone 12s модели следната година.