Кога станува збор за апликации за комуницирање, Viber е секако една од најпопуларните.
Без оглед на тоа, има корисници кои и понатаму не ги користат сите можности што оваа апликација ги нуди. Некои од овие функции се нови, а некои се ажурирани, дали ви се познати?
Таканаречените конференциски повици се сè повеќе популарни во последно време, поради пандемијата со коронавирусот. На Viber неодамна е зголемен бројот на соговорници како и на групните аудио повици, најпрвин на 10, потоа на 20 корисници.
Видео повиците исто така може да содржат до 20 луѓе.
Како додаток на мобилната верзија Viber е достапен и за користење на личниот компјутер. Се инсталира бесплатно, синхронизацијата со содржината на телефонот се адаптира.
Користејќи ја стикер едитор функцијата може да менувате стикери, да ги украсувате со текст, емоџи или други стикери. Ваквиот стикер пакет може да содржи до 24 стикери, а достапен е и за Android и за iOS.
Една од новите функции за кои доста се зборува е самоуништуваањето на одредени пораки. Корисниците имаат можност да наместат тајмер на одреден временски интервал за испратена порака, по што пораката потоа сама ќе се избрише. Одбројувањето за бришење почнува од моментот кога примачот ќе ја прочита пораката.
Уште на почетокот на 2020 година Viber ја претстави опцијата My Notes, посебен додаток во разговорите во кој може да ги креирате и организирате вашите обврски, да сочувате аудио и видео пораки или линкови.
Извор: B92.net