LG донесува транспарентни OLED дисплеи во метроата. За почеток, 55-инчните проѕирни дисплеи кои во реално време прикажуваат инфо за возниот ред, локацијата и преместувањата, ќе се најдат во два кинески града – Пекинг и Шенжен. Покрај овие информации, на дисплеите ќе се прикажуваат информации за времето, локалните вести и слични информативни пораки.
Засега се знае дека овие дисплеи ќе ги заменат прозорците на возовите кои циркулираат на шест линии во Пекинг и на десет линии во Шенжен. LG планира да ја прошири оваа соработка и на другите градови, но тоа ќе бара соработка со транспортните компании во нив, како и со производителите на стакло за метроата.
Ова ќе биде прва реална примена на транспарентните екрани во поголем број, кои беа претставени уште во 2012. година. Тогаш ги објави Samsung, најпрвин на CES, а потоа и на IFA во Берлин. Меѓутоа, LG е првата компанија која успеа технологијата на проѕирни екрани да ја претвори од концепт во конкретен производ.
Досега LG постави свои транспарентни OLED телевизори на излозите на продавниците на Harrods, но се работеше само за неколку парчиња. Сега прв пат имаат шанса можностите на транспарентните телевизори да ги претстават на голем аудиториум, а во компанијата веруваат дека тоа ќе им помогне наскоро да се најдат и некои нови примени на оваа технологија.
Поврзани артикли