Има многумина кои веруваат дека се во состојба да возат и кога во организмот ќе внесат поголеми количини на алкохол, а iPhone уредите наскоро би можеле да се позанимаваат со тој проблем.

Тим на експерти од Универзитетот во Питсбург откри дека со помош на некои iPhone сензори, како вградениот акцелерометар, можно е да се утврди дали некој корисник премногу испил, а преку начинот на кој се движи. По спроведените тестови е утврдено дека сензорите функционираат со 90 проценти точност, но се истакнува дека системот е се уште далеку од посебна апликација која би ја анализирала состојбата на корисникот.

Тестот е спроведен во контролирани услови, а таквите услови се разликуваат од оние во реалните ситуации. Останува да се види дали сензорите ќе послужат за некоја апликација или дали корисниците ќе сакаат да ја преземат на своите уреди.