Најновиот апдејт на Adobe Lightroom за iOS изгледа дека има сериозен баг. Корисниците ширум светот пријавуваат дека инсталацијата на новата верзија на апликацијата резултира со бришење на сите фотографии и подесувањата на корисниците. Adobe ја потврди грешката, но исто така наведе дека изгубените податоци не можат да се вратат.
Претставникот на Adobe, Рик Флор јавно им се извини на корисниците во својот пост на форумот на Adobe. Тој наведува дека Adobe веднаш објавил нов апдејт кој го решава проблемот, за да не влијае на новите корисници. Меѓутоа, оние кои се соочиле со проблемот, за жал, ќе мораат да се простат од своите фотографии и пресети, бидејќи надградбата не овозможува враќање на тие податоци.
Во соопштението на Флор е разјаснето и дека грешката ги погодува само мобилните корисници на Lightroom апликацијата кои немаат Adobe cloud претплата, како и корисниците со фотографии и пресети кои не биле синхронизирани со Adobe cloud вои моментот на инсталацијата на новата верзија. Исто така, наведено е дека можно е некои фотографии да се „опорават“ низ iPhone и iPad бекап системите.
Поврзани артикли